„Кадифено“ – концерт на Зарина Првасевда на 20 декември во Скопје

Пејачката Зарина Првасевда ќе одржи концерт во Скопје на 20 декември во Филхармонијата и ќе го промовира нејзиниот нов музички проект „Кадифено“. Гости ќе и’ бидат турскиот виртуоз Џенк Ердоган, перкусионист и Ахмет Алан, мултиинструменталист. На сцената ќе им се придружат и македонските музичари Андреа Мирческа и Тони Арслан.

– За прв пат во Скопје пристигнуваат еден од најголемите мајстори на фретлес гитарата, турскиот виртуоз Џенк Ердоган и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, уметници чија маестралност го освојува светот“, велат од тимот на Зарина Првасевда.

Со огромна чест ви најавувам дека ова предновогодишно патување нема да го чекорам сама. Со моите драги соработници и гости ќе создадеме концерт поинаков од сè досега, кадифено топол и длабок, полн со онаа тивка магија што само музиката знае да ја донесе“, вели Зарина.

Влезниците се веќе во продажба преку продажната мрежа на drugastrana.mk.

Сподели