За потребите на новиот игран филм „Голиот рид“ на режисерот Игор Алексов, „Сити стар продукција“ организира кастинг на 27 ноември во просториите на „Вардар филм“ во Скопје. Станува збор за втор долгометражен филм на Алексов, кој е наградуван автор за првенчето „Лена и Владимир“. Станува збор за нов, мистериозен трилер.
Аудицијата се организира за главната женска улога во филмот, а се бараат актерки и студентки по актерска игра, на возраст од 20 до 35 години. Сите заинтересирани кандидатки можат да испратат пријава на е-пошта: citystar.production@gmail.com, најдоцна до 26 ноември (среда).
Неопходни материјали:
· Име, презиме и возраст
· Неколку професионални или аматерски фотографии
· Кратка биографија
· Телефон за контакт





