Пано со 63 насмеани лица пред толпата во црнина

Пано со 63 фотографии на млади, насмеани лица ја предводеше толпата од луѓе во црнина која вчера поминуваше низ улиците на Скопје. Луѓе со души завиени во црнина кои цврсто на градите ги стискаа сликите на своите најмили кои загинаа кобната вечер во пожарот во Кочани, а неколкумина подоцна им подлегнаа на повредите. Ова беше 30. „Марш за ангелите“. Родителите, семејствата и роднините на жртвите поддржани од многу граѓани во Скопје ја пренесоа својата порака преку транспарентот „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“. Маршот беше мирен, со многу емоции и тага. Семејствата на повредените побараат одговорност, правдина и гаранција дека Кочани никогаш нема да се повтори.

Фото: Маја Јаневска-Илиева / Извор: ppj.mk

 

 

Сподели