Концерт во чест на Влада Дивљан на 17 ноември во Скопје

На 17 ноември во Филхармонија ќе се одржи концертот „Само една љубов имам“. Настапуваат неговите пријатели од Владината „Невладина Организација“ со хитовите од сите фази на кариерата – од Идоли до Лјетно Кино.
Специјални гости на концертот ќе бидат Кирил Џајковски и Констракта. Годинава се одбележуваат десет години од неговата смрт со балканска турнеја, што го слави неговиот опус.

Влезниците побарајте ги на продажните места на МкТикетс или онлајн на следниот ЛИНК.

Концертот е дел од „Таксират“.

Сподели