Во чешкиот град Табор денеска во 17 часот ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж“ на Друштво на ликовните уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела од македонски современи ликовни уметници, кои учествуваа на истоимената изложба на ДЛУМ во 2023 и 2025 година.
На изложбата се селектирани дела од седумдесеттина автори меѓи кои: Синиша Новески, Јасмина Главинче, Иво Пецов, Татјана Ристовска-Керамика, Ирена Паскали, Дијана Томиќ-Радевска, Марија Сотировска-Богдановска, Љубица Мешкова-Солак, Ристо Мијаковски, Гоце Божурски, Ивона Велковска, Страхил М. Петровски, Борче Богоевски, Трајче Чатмов, Душан Георгиевски и други.





