Промоција на играта за креативно пишување од Марко Трпески

Во скопската галерија „Матаноја“ вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција и изложба на „Синхроницитети – Чувари на приказната“, новото авторско дело на визуелниот уметник Марко Трпески. Станува збор за друштвена (или осаменичка) игра чија цел е да поттикне креативно пишување и патешествие низ значенските мапи на симболите, потсвеста и имагинацијата. Играта ги поврзува визуелното и зборот во еден интуитивен процес на создавање и размислување. На промоцијата, низ играта „Синхроницитети – Чувари на приказната“ ќе ве поведат тројцата чувари на приказната: Ана Голејшка Џикова, Коста Милков и Ѓоко Здравески.

Марко Трпески (1990, Скопје) е визуелен уметник, илустратор и графички дизајнер, основач на студиото „Метафора“ и коосновач на „Скопје колаж колектив“. Автор е на изданијата „Метафора – поглед зад огледалата“ и „Метафора – жито, какол и парчиња стакло“.

Сподели