Александар Микиќ по 50-ти пат до солзи ја насмеа публиката на „Торонто експрес“

Педесеттата јубилејна изведба на монодрамата „Торонто експрес“, актерот Александар Микиќ ја изведе синоќа на малата сцена на матичната сцена – Македонскиот народен театар. По 50-ти пат Микиќ сам на сцена ја одушеви публиката, која и овојпат го наполни гледалиштето на малата сцена. Претставата е работена според мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од Зоран Спасов-Ѕоф, а во режија на Јордан Симонов.

Публиката уживаше во секој момент – многу смеа, искрени емоции и стоечки аплаузи, како потврда за неисцрпната енергија на театарот. Во салата беше и министерот за култура Зоран Љутков, директорот на МНТ, Никола Кимовски, бројни колеги актери и семејството на Микиќ, кои со гордост и радост уживаа во јубилејот.

Претставата ја имаше својата премиера на 15 декември 2021 година.

Повеќе за претставата прочитајте на следниот ЛИНК.

Фото: Маја Аргакијева

Сподели