Националниот џез оркестар ги отвора 25. „Есенски музички свечености“

„Македонски сновиденија“ е насловен концертот на Националниот џез оркестар што ќе биде изведен на отворањето на 25. издание на „Есенски музички свечености“ во сабота (25 октомври) во 20 часот во малата сала на Македонската филхармонија. Диригент е Владимир Николов.

– Овој проект е ново поглавје во работата на Националниот џез оркестар – првпат од неговото формирање оркестарот подготвува нови обработки на македонски народни песни, како и оригинални композиции инспирирани од македонскиот фолклор. Покрај самата концертна изведба, проектот е замислен и како авторска иницијатива на оркестарот, со планови за снимање, архивирање и понатамошна интеграција на материјалот во творечкиот опус на оркестарот – велат од Оркестарот.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Сподели