Изложбата „50 години творештво на Мики Трендафиловски“ отворена во Куманово

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово отворена е ретроспективната изложба „50 години творештво на Мики Трендафиловски“. Изложбата содржи 50 дела работени во повеќе временски периоди.

Мирослав Трендафиловски-Мики е сликар, роден во 1958 година во Куманово каде живее и работи како самостоен уметник. Досега реализирал 35 самостојни изложби и учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и во странство. Во последните 25 години работи како уметнички раководител, координатор и организатор на повеќе Меѓународни ликовни колонии и манифестации во државата и надвор од неа. Добитник е на повеќе награди, признанија и благодарници за своето 50 годишно ликовно творештво.

Сподели