После една година од премиерната изведба на седумнаесетминутната претстава „Вампири – театарска минијатура за вампирите во театарот”, екипата на проектот организира видеопроекција и дискусија на тема „Дали може да се убие вампир?” Настанот е закажан на 22 октомври (среда) од 20 часот, во Кафе и филм „Котур“ во Скопје.

Актерките Ангела Стојановска, Марина Поп Панкова и Филарета Атанасова, како и режисерот Милош Андоновски ги интересира што (не) е сменето по една година од премиерата? Ќе разговараат и за тоа зошто одбрале да прикажат видеопроекција, наместо да ја изведат претставата во живо? Што е вампирското во македонскиот театар и дали може да се победи?
Настанот е бесплатен, а местата се ограничени. Ве молиме, обезбедете си место со име и презиме на teatar.za.site@gmail.com. Претставата е во продукција на „Театар за сите“, а премиерната изведба се случи на Академска сцена – ФДУ, токму на 22 октомври 2024 година. Костимографка на претставата е Ирина Тошева.
Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп





