Филмот „Mајка“ во режија на Теона Стругар Митевска е избран во академската потесна селекција на филмовите што се натпреваруваат за 38. Европски филмски награди, во категоријата игран филм. Овие престижни награди, кои го слават најдоброто од европската кинематографија, ќе се одржат на 17 јануари 2026 година во Берлин, Германија.
На годинешната потесна листа се избрани 67 извонредни долгометражни филмови – 44 играни, 15 документарни и 8 анимирани. Со учество на 34 европски земји, оваа селекција ја истакнува разновидноста, креативноста и уметничката сила на европскиот филм.
Ова е голем успех за македонската кинематографија и уште едно признание за делото на Теона Стругар Митевска, која со „Мајка“ продолжува да го претставува нашиот филм на најпрестижните европски сцени, велат од Агенцијата за филм.
Повеќе за листата на селектирани филмови, на следниот ЛИНК.





