Почина Панчо од ДНК. Имаше 46 години

Почина Владимир Блажев-Панчо од бендот ДНК. Имаше 46 години. Панчо беше еден од преживеаните во стравотниот пожар што се служи годинава на 16 во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Седум месеци се бореше со повредите здобиени во пожарот.

Во катастрофалниот пожар загинаа 62 лица, скоро сите млади, а околу 200 беа повредени. Во кобната ноќ на концертот на ДНК загинаа сите членови на бендот – Андреј Ѓорѓијески, кој со Панчо го создадоа дуото ДНК, Сара Пројковска, пратечки вокал и вонреден професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Мартин Атанасовски (бит-бокс), Филип Стевановски (клавијатури), Александар Коларов (гитара), Георги Георгиев (тапани) и фотографот на групата, Александар Ефремов. Панчо беше единствениот преживеан.

Владимр Блажев-Панчо е роден во Скопје на 29 јули 1979 година. Пред да го основаат дуото ДНК (2001 година), тој беше член на „ОК бенд“. ДНК во 2022 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје одбележаа 20 години на сцената со голем концерт. Двајцата важеа за едни од најхуманите луѓе на музичката сцена.

Сподели