Прогласување на победниците на конкурсот „Rebel Rebel“

Во барот „Rebel Rebel“ во Скопје денеска во 14 часот ќе се одржи финале на конкурсот за млади уметници. Конкурсот беше отворен за млади автори до 35 години, инспирирани од панк, пост-панк културата и духот на бунтот, а најдобрите шест дела ќе бидат изложени во барот. Најдоброто дело ќе биде откупено и трајно изложено во „Rebel Rebel“. Победниците ќе ги изберат жири и публиката преку гласање на Инстаграм.

Настанот ќе биде во форма на дневно дружење со изложба, презентации на финалистите и музика во стилот на Rebel Rebel.

Сподели