Пет етнографски филмови вечерва во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија по 11 пат се одржува дводневниот Меѓународен фестивал на етнографски филм – ЕТНОФФ. Фестивалот нуди избор на филмови кои преку визуелна антропологија ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност. Денеска на репертоарот се: „Училиште за животот“ во решија на Манца Филак, чија проекција е закажана за 19 часот. По проекцијата следува разговор со режисерката. Во 20.15 ќе боде прикажан краткиот „Ама“ на Клаудија Чау, а потоа и триесетминутниот „Живеење помеѓу мртвите“ во режија на Ада Рајковиќ.

Терминот во 20.53 е за „Не плети лесо“ на Бојан Петковски по што следува кус разговор со авторот, а во 21.45 ќе биде прикажан „Должник на мртвите“ на Александар Ќириќ, со кој ќе биде затворен фестивалот.

Сподели