Концерт на студентите-џезери со Националниот џез оркестар

Во малата сала на Македонската филхармонија вечерва цо 20 часот концерт ќе одржат студентите-џезери со искусните членови на Националниот џез оркестар. Влезот е слободен.
– Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Концертот се одржува по вторпат и ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез оркестар. Ова е значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал – велат џезерите-сениори.
Ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип. Иницијативата создава простор за меѓугенерациска размена и го поттикнува развојот на џез културата во нашата држава.

Насловна фотографија: Од минатогодишниот концерт / Извор: Национален џез оркестар

Сподели