Книгите „Приказни од Sунливото Море“ од Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“ на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“) влегоа во седумте дела на регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година. „Штефица Цвек“ е некомпетитивен избор кој четврта година по ред ги обединува најзначајните дела од босанско, хрватско, српско, црногорско и македонското јазично подрачје, создадени од феминистички, антифашистички, еколошки, антиколонијални и други левичарски перспективи. Досега презентиран во Белград, Загреб и Сараево, овој уникатен избор е препознаен како простор за афирмација на гласови што ги поместуваат границите на литературата и општествениот ангажман.
Годинава за изборот „Шефица Цвек“ беа номинирани повеќе од 100 книжевни наслови објавени во минатата година. Првото жири: Ивана Голијанин, Филип Кучековиќ, Душица Лазова, Марија Божиќ и Борисав Матиќ селектирале 22 книги. Второто жири: Марија Бошковска, Ивана Дражиќ и Матеј Вребац ја свела селекцијата на седум.
– Баравме книги што ќе ги растресат кроевите и силуетите на регионалната книжевност, ќе ги распорат конзервативните шевови на книжевноста. Сакаме да ги оставиме дупките незакрпени за низ нив да помине зрак, светлина, феминистичка, побунета книжевност – вели жирито.
Покрај делата на Црвенковска и Бужаровска, селектирани се и книгите: „Долж остриот нож лета птица“ на Тања Ступар Трифуновиќ, „Како се кршат чиничињата“ на Мак Маслаќ, „Празни куќи“ на Данка Ивановиќ, „Папочна врвка“ на Луција Тунковиќ и „Стол без потпорка“ на Данијела Репман.





