Новинарката Весна Ивановска-Илиевска и Умно.мк добија благодарница од Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија за „непресушниот ентузијазам и поддршката што ја добива македонскиот тим на меѓународните олимпијади по хемија“.

Благодарници добија и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Базднкин, наставниците-ментори од средните училишта што ги подготвуваат олимпојците по хемија, општините Прилеп и Штип, универзитетски професори и повеќе општетствено одговорни компании. Благодарниците им беа врачени неделава на Инстититутот за хемија при Природно-математичкуот факултет во Скопје, кога Сојузот ги претстави успесите на младите хемичари.





