„Отворање и ритам“ од Мартин Џепароски во МКЦ

Во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје синоќа е отворена изложбата „Отворање и ритам“ од Мартин Џепароски. Тој се претстави со поетска видеоинсталација составена од две видеа кои преку симболичка нарација и визуелна естетика ги истражуваат темите на внатрешно будење и животна динамика. Делото ги спојува природата и човечката емоција во сензорно и филозофско патување.

– Првото видео „Откривање“, се фокусира на трагањето по сопствениот идентитет и поврзаноста со земјата, додека второто, „Ритам“, го прикажува ритмичкото движење низ животот преку симболична бела топка. Инсталацијата ја повикува публиката на размислување за односот меѓу телото, просторот и времето – велат од МКЦ.

Изложбата ќе биде отворена до 14 октомври.

Сподели