Во рамките на Европските денови на културнотo наследство Археолошкиот музеј во Скопје денеска организира посета на поставката и работилница за лицата со Даунов синдром во соработка со здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со Даунов синдром – Дневниот центар „Доза среќа“. Темата на годинешното издание на манифестацијата, прифатена низ цела Европа е „Инклузивно наследство“. Одбележувањето на Европските денови на културното наследство во нашата земја ќе се одвива во периодот од 22 до 28 септемви 2021 година.
Како и во повеќето европски земји, целта на темата е да се сврти вниманието кон маргинализираните групи и лицата коишто се на одреден начин, попречени во нивната желба да го запознаат нашето богато културно наследство. Низ повеќе од 70.000 настани што се организираат во пеесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа сеевропска иницијатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото – европско наследство.
Фото: Умно.мк





