Игор Џамбазов го доби признанието „Лауреат“ на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“

Актерот Игор Џамбазов денеска ја прими наградата „Лауреат“, што му ја врачи Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Наградата на првенецот на МНТ, му беше врачена во големата сала на Општина Крива Паланка.

– Ова значајно признание е израз на длабока почит кон неговиот исклучителен придонес во развојот на македонскиот театар, инспиративното творештво и длабокото културно влијание што го остави и сè уште го остава врз сцената и публиката. Честитки за безвременскиот уметник чиешто име е синоним за харизма, талент и автентичност. Игор Џамбазов — личност што остава траен белег во историјата на македонската култура – истакнаа организаторите.

Сподели