По повод Светскиот ден на интелигенцијата, „Менса Македонија“ организира тестирање на интелигенција во Скопје со цел прием на нови членови. Тестирањето е на 1 октомври во 18.30 часот на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Во согласност со иницијативата на Менса за подршка на крводарителството и младите лица, сите крводарители, ученици и студенти имаат попуст од 50 отсто.
Повеќе информации можете да најдете на ЛИНКОТ.





