Изложбата „ЦЕРН и универзумот: Науката што нè поврзува“ во Скопје

„ЦЕРН и универзумот: Науката што нè поврзува“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечерва во 19 часот, во скопскиот трговци центар „Дајмонд мол“. Ова е водечки настан во одбележувањето на Ноќта на европски истражувачи 2025 година, најголемиот настан за наука во Европа кој ги доближува истражувањата и истражувачите до јавноста. Изложбата ќе ја отворат амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас и Тадеуш Куртика, од ЦЕРН Женева, . Присутните ќе ги поздрави и проф. д-р Мимоза Ристова од Институтот за физика при ПМФ Скопје и Јан Стојановски, меѓународно наградуван студент по физика и математика.

Ноќта на европски истражувачи е организирана во тесна соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) и Факултетот за Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Годинава се одбележуваат 20 години од Ноќта на европски истражувачи, што го прави изданието од 2025 година пресвртница за промовирање на науката како заедничка европска вредност.
Изложбата „ЦЕРН и Универзумот: Науката што нè поврзува“ ја организира Јуроп Хаус и поставена за да ги запознае посетителите со тајните на универзумот, физиката на честички и европската научна соработка. Посетителите ќе можат виртуелно да прошетаат низ акцелераторот на ЦЕРН и да погледнат интерактивни инсталации. Изложбата е отворена за целата јавност и ќе остане поставена во „Дајмонд мол“ до 15 октомври.

Сподели