Конкурс за дигитален постер поврзан со холандската наука отвори платформата „Наука за деца“ во соработка со Холандската амбасада во земјава. Според пропозициите, учениците треба да направат постер посветен на холандски научник, научен концепт или експеримент од холандски научник, научна книга, па дури и научна фантастика…
– Постерот направете го со помош на дигитални алатки како Canva, Photoshop или Illustrator. Или со вештачка интелигенција за создавање слики (Dall-E, Midjourney) и збогатете со техники како glitch art или со рачна манипулација. Потоа, снимете ги постерите во pdf или png формат и испратете ни ги – велат од „Наука за деца“.
Делата треба да ги испратите на е-пошта: naukazadeca.mk@gmail.com најдоцна до 5 октомври. Најдобрите постери ќе добијат награди.





