Намалување на културното, општественото и архитектонското исклучување на 20 отсто од населението – лица со попреченост од Македонија, Полска, Словачка и Унгарија беше една од целите на првата студиска посета во Варшава, Полска на Здружението „Икуалити“.
Посетата е во рамките на проектот ID:Citizens спроведуван во партнерство со Фондацијата „Интеграција“ (Полска), Здружението „Тененет“ (Словачка) и Организацијата „Рака под Рака“ (Унгарија), со поддршка на Меѓународниот Вишеградски фонд.
Програмата ќе опфати посети на релевантни институции, организации, министерства и универзитети во рамки на кои ќе имаме можност да размениме позитивни практики за пристапни јавни објекти и инклузивно урбано планирање.





