Евергрини и незаборавни хитови на последната летна игранка

Последната летна игранка ќе се одржи вечерва во 20 часот во „Лабораториум“ во Скопје. Музика ќе пуштаат: Пејчи, Томи, Бела, Коко и Тута.

– Летото го испраќаме со танц. Старата добра екипа ќе пушта евергрини и незаборавни хитови кои ќе нè движат до доцна во ноќта. Оваа игранка носи вечер полна со носталгија, енергија и музика што нема да дозволи да седите. Соберете го друштвото или повикајте партнер на рандеву – повикуваат од „Лабораториум“.

Сподели