На денот на отворањето на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, утре во 16 часот во Сала Дарсена ќе се случи светската премиера на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска. Токму денес се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза во Скопје. Филмот ќе ја има честа да ја отвори престижната програма „Хоризонти“ (Orizzonti) на фестивалот, која е посветена на најновите авторски и уметнички тенденции во светската кинематографија.
„Мајка“ е инспириран од животот на Мајка Тереза, прикажувајќи ја Каликута во 1948 година, во моментот кога таа ја носи клучната одлука да го напушти манастирот и да се посвети на сиромашните.
Филмот е копродукција на Македонија, Белгија, Шведска, Данска и Босна и Херцеговина. Во главните улоги настапуваат светски познатите актерки Нуми Рапас и Силвија Хукс, заедно со Никола Ристановски, Лабина Митевска и други.





