Здружението „Раст“ го одбележува Светскиот ден за раст кај децата

Под мотото „Ковид-19 e присутен еден период од животот. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот“ Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска во 10 часот, на Плоштадот „Македонија“ во Скопје ќе го одбележат 20 Септември, Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата. Тие велат дека пандемијата вече една и пол водина е во доминантен план, и поради тоа многу хронични состојби се надвор од фокусот.

– Мора да се справиме со најважните приоритети и проблеми, но не смее да дозволиме сè останато да биде заборавено. Еден ден, се надеваме многу наскоро, оваа голгота ќе заврши. Но, децата растат сега, и сега е моментот кога може да им се помогне. Растот и последиците од нарушен раст се за цел живот. До сега на секој светски ден зборувавме за дикриминација во лекувањето, едни имаат право на лекување, а други со години се на листите за чекање. Оваа година за прв пат е обезбеден буџет од страна на ФЗОМ – над 58 милиони денари и е обезбедена терпија во просек за лекување на 150-160 деца – велат од Здружението.

Но, потенцираат дека сега има терпија, но соочени со страв од ковид-19, родителите не ја контролираат висината кај децата и не бараат помош од специјалист-ендокринолог, се плашат да одат на Клиника за детски болести и да ја подигнат потребната веќе препишана терапија. – Здруѓението ја повикува Клиниката за детски болести да ги поедностави процесите на поставување на нови деца на терапија.

– Нема потреба од комплицирани процедури и собирање на многу потписи кои одат во неколку фази и траат со месеци. Направете систем кој ќе биде брз и ефикасен затоа што за децата времето е најважен фактор. Родители, сега сте вие на потег да му помогнете на вашето дете – велат од Здружението.

Светското искуство говори дека децата со нарушувањата на растот се соочуваат со сериозен проблем – задоцнета дијагноза и ненавремено лекување. Тоа пак доведува до сериозни последици, зашто нарушувањето на растот често е најраниот симптом кој ни открива многу други заболувања во позадина. Здружението посочува: да се контролира висината на детето барем два пати годишно; контрола на висината не значи детето да биде измерено и да се добие бројка; барајте од матичните педијатри и семејни лекари бројот од добиените сантиметри да го внесат во табелата која покажува каде е висината на вашето дете во однос на очекуваната нормална висина за неговата возраст.

Насловна фотографија: Pixabay

Сподели