Отворање на изложбата „Фотограми“ од Стојанче Величковски

На зелениот покрив во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Фотограми“ од Стојанче Величковски. Тој ќе се претстави со 40-тина дела.

Во рамките на изложбата ќе се одржи и проекција и презентација на дел од излагањето на авторот во рамките на одбраната на неговата магистерската теза на Факултетот за филмска уметност на Интернационалниот универзитет за визуелни уметности „Еуропа Прима“ во Скопје – катедра за фотографија.

Сподели