Промоција на книга и хаус-музика во Сули ан на Скопско лето

На платото пред музичкиот салон „До ре ми“ во Скопје (кај Младинскиот културен центар) денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на книгата Rock N Beat од Михајло Грбевски-Мишко. Книгата ќе ја промовираат новинарите Тони Димков и Ненад Георгиевски, со музичка поддршка од Јаков Дренковски. Промоцијата е во рамките на манифестацијата Скопско лето.

Во Сули ан вечерва во 21 часот ќе биде одржан концертот „Хаус музика – 40 години љубов, ритам и еднаквост“. Годинава се навршуваат 40 години од препознавањето на хаус музиката како засебен музички жанр, создаден раните 80-те години во Чикаго, САД. Ќе настапат диџеите се Јулијана Милутиновиќ, Зија Вишко и Зоки Бејбе.

– Во нашата клупска култура, овој жанр на музика е доминантен од самите почетоци, а денес е дел од програмата на секој простор каде се ангажира диџеј. Тројцата наши хаус ди-џеи работеле во изминативе декади на популаризирање на оваа музика во клубовите, но и на медиуми, особено на радио и ТВ емисиите. Тие ќе нè потсетат со забава на отворено на големото значење што го има овој музички жанр – велат организаторите.

Сподели