Пешачка тура низ Скопје ќе се одржи денеска во 19.30 часот, а фокусот е на мапирање на женското културно наследство. Прошетката ќе опфати места од кои важни жени од нашата историја замислувале и создавале подобар свет, која раскажува друга приказна за настанувањето, просторното планирање, политиките и животот на и во Скопје. Прошетката ќе ја предводи Бојана Јанева, историчарка на уметноста и лиценцирана водичка со долгогодишно искуство во специјализирани тури за Скопје.
Прошетката ќе трае еден час, а ја организира тимот на „Тиииит!Инк“. Сите заинтересирани треба да се пријават на линкот и да го пополнат прашалникот. Поради високите температури, организаторите ги советуваат сите заинтересирани да носат капи и очила за сонце.





