Со изложба на уметникот Харис Муриќ отворен 24. Битола отворен град

Со отворање на изложбата „When Do I Stop?“ од визуелниот уметник Харис Муриќ, вчера започна 24. издание на Битола отворен град – фестивалот што веќе четврт век не е само културен настан, туку платформа за гласови, генерации и изрази што одбиваат да бидат маргинализирани. Муриќ се претстави со избор на 25 постери –резултат на едногодишен креативен предизвик, во кој секоја недела од 2024 година создал по едно дело.

– Прекумерната изложеност на комерцијален дизајн ми го роди копнежот за нешто поинтроспективно. Овој проект беше мојата можност да бидам и автор – и свој клиент. Да создадам визуелна поезија што дише различно секоја недела – истакна Муриќ.

Фестивалот не постои за да создаде тренд – туку за да не исчезне културниот континуитет, истакна Сашо Додовски, директор на МКЦ – Битола.

„Битола Отворен Град е дел од идентитетот на МКЦ и на самата Битола – упорна точка на културна автономија што не се прилагодува на шаблони, туку ги создава.“

Извршниот директор Златко Талевски додаде дека „секоја година се менува сè – освен потребата младите да имаат сцена, простор, збор“.

-Овој фестивал постои токму за нив. За оние што први пуштаат звук, што први излегуваат на сцена, што прават првиот чекор – рече Талевски.

Роден во Гостивар, а веќе една деценија дел од скопската креативна сцена, Муриќ својата прва самостојна изложба ја отвори претходно во галеријата на КСП „Центар-Јадро“ во Скопје. Делата што сега ги изложува во Битола се меѓу најинтимните досега – постери што инспирацијата ја црпат од музика, фотографии,
книги, внатрешни борби и тишината на првото утринско кафе. Некои говорат гласно, некои тивко, но сите„AI може да биде алатка,“ рече Муриќ на новинарско прашање, „но не и идеја. Не и визија. А уштепомалку личен печат.
„Изложбата „When Do I Stop?“ е поставена во МКЦ Битола и ќе биде достапна до крајот на фестивалот.

Сподели