Во Ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп е отворена изложбата „Уметност во простор“ на уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска. Изложбата ја отвори Бранче Трајкоски, потенцирајќи дека двете авторки во галеријата ја презентираат последната креација од нивната повеќезначна уметност со
содржинско тематска смисла, интимности, осмислена со цел да едицира, инспирира и развива одреден уметнички опус.

– Изложбата отвора прашања за времето, неговата брзина, недостатокот и неможноста од неговото фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметност со асоцијална отвореност што ја поканува публиката на лично доживување и интерпретација – рече Трајкоски, на отворањето на изложбата.

Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска, се академски уметници, што имаат реализирано бројни изложби во земјата и во странство.





