Младиот италијански шармер, кантавтор Матео Бочели, син на Андреа Бочели прв пат гостуваше во Македонија. Полната сала на Филхармонијата уживаше во нежните мелодии на Бочели – во еден дел – од негови песни и албуми, но дел од неговите настапи се и познати светски хитови како Bessame Mucho, Can’t Help Falling in Love, но и безвременските хитови на неговиот татко Андреа Бочели.

По малку срамежлив, но сепак шармер, Матео Бочели ги крена и на нозе дел од публиката заедно да танцува.
27-годишниот Матео очигледно го наследил прекрасниот глас на својот татко и се бори за да излезе од неговата слава. На сцена го придружуваа неговите пријатели, дел од турнејата за 2025 година. Се доби впечаток дека аранмжаните на песните можеа да бидат побогати.
Одушевен од скопската публика и тој не криеше дека е среќен што е прв пат во Скопје, со желба да не биде и последен.
Концертот го организираше Password Production, како дел од програмата на „Таксират“.





