Изложбата „Ликови“ од Славица Танеска во КО-РА

Во галеријата КО-РА при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје отворена e самостојната изложба „Ликови“ од Славица Танеска. Таа се претстави со проект инспириран од улогата и значењето на портретот низ историјата на уметноста.

– Претставувам повеќе портрети во различни техники. Сите портрети се инспирирани од вистински личности. Има студии на цртеж со молив, цртежи со туш и трска, акварели, слики со масло на платно, акрил на платно – вели Танеска.

Изложбата е дел од програмата со едукативен карактер наменета пред сè на студентите и љубителите на уметноста. Танеска е асистент на Европски универзитет. Автор е на книга-монографија со илустрации на рурална архитектурата од брсјачкиот регион. Добитничка е на повеќе награди.

Сподели