Деца продаваа сокчиња, пуканки, кафе за Андреј да продолжи со терапија

Хуманитарна акција за да собираат пари за Андреј да продолжи со терапија организираа неговите другарчиња во скопската населба Лептокарија. Второодделенци од основното училиште „Лазо Трповски“ продаваа сокчиња, пуканки, кафе …

Андреј има церебрална парализа и посетува терапија со робот која многу му помага и покажува резултати, дури и се исправа. Терапијата чини 100 евра дневно и семејството на Андреј е веќе исцрпено. Сите што сакаат да им се придружат на децата во хуманитарната акција може да донираат на телефонскиот број: 143 161 – Телеком.

Сподели