Хуманитарна акција за да собираат пари за Андреј да продолжи со терапија организираа неговите другарчиња во скопската населба Лептокарија. Второодделенци од основното училиште „Лазо Трповски“ продаваа сокчиња, пуканки, кафе …
Андреј има церебрална парализа и посетува терапија со робот која многу му помага и покажува резултати, дури и се исправа. Терапијата чини 100 евра дневно и семејството на Андреј е веќе исцрпено. Сите што сакаат да им се придружат на децата во хуманитарната акција може да донираат на телефонскиот број: 143 161 – Телеком.






