Во Abstract Project Gallery во Париз денеска во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Реминисценции“ од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски. Тој ќе се претстави со серија дела работени во изминатата година – слики и дела на хартија работени во комбинирана техника и поставени како просторна инсталација.
Според Сандра Деспотовиќ, кустос и историчар на уметност, изложбата „Реминисценции“ ја означува најновата ера во креативните дела на Страхил Петровски, ера на големи индустриски хартии (530×83см.) и слики со помали димензии работени во комбинирана техника на платно кои одново наоѓаат дополнително и подлабоко значење во секој нов простор. Изложбата ќе биде отворена до 14 јуни. Повеќе информации на линкот.





