Детскиот културен центар „Карпош“ од денеска до 3 јуни го организира 6. издание на Фестивалот на детската креативност „Трамболини“. Преку едукативни и креативни работилници ќе ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со разновидни работилници.
Фестивалот е наменет за деца и млади на возраст од 7 до 17 години, кои ќе совладаат нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. Децата може да учествуваат во работилници за личен развој, изработка на моден детал од глина, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“. За крај на фестивалот, публиката ќе има можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Аладин и духот од волшебната ламба“ во изведба на талентираните членови на Студиото за детски и младински мјузикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје.
Насловна фотографија: Архива на Детски културен центар „Карпош“ / Од претходните изданија на фестивалот





