Легендарните режисери Деклан Донелан и Ник Ормерод – гости во Театар Комедија

Театар Комедија е домаќин на англиските театарски режисери, Деклан Донелан и на Ник Ормерод, основачи на меѓународната театарска компанија „Чик бај Џоул“ и уметнички директори на компанијата. Денеска и утре во Театар Комедија тие одржуваат работилница за театарски режисери. Поводот за нивното доаѓање е промоцијата на книгата „Актерот и просторот“, што ќе се случи во среда (28 мај) во 12 часот.

Издавач на ова капитално дело е Театар Комедија, преводот е на Бисера Бендевска, а промотор на книгата Иван Додовски, редовен професор по критичка теорија и компаративна литература на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје.

Сподели