„Вингс“ поттикнува меѓусебна почит, прифаќање и учење

Работата во Интернационална градинка „Вингс“ (Wings) е истовремено предизвик и привилегија. Имаме можност да работиме во средина која поттикнува меѓусебна почит, прифаќање и учење. Еден од најголемите предизвици е постојано адаптирање на нашите методи и пристапи за да одговориме на индивидуалните потреби на секое дете. Но, токму тоа ја прави нашата работа креативна и инспиративна, вели воспитувачката Данијела Србиноска, во Интернационалната градинка „Вингс“.
Таа додава дека тимската работа со професионалци од различни профили, како и иновативните програми што ги користат. постојано ја мотивираат да учи и да расте како воспитувач.

Данијела имала можност професионално да се занимава со работа со деца во неколку градинки, со што се стекнала со важно искуство, а се запознала и со различни пристапи на работа со деца. Работата во „Вингс“ ми дава уникатна можност да се развивам како професионалец и да придонесувам за целокупниот развој на децата на еден иновативен и холистички начин. Просторните услови и опременоста на градинката нудат можност за беспрекорна реализација на активностите, вели таа.

Данијела Србиноска

– „Вингс“ ми овозможува да го проширам моето професионално знаење преку најразлични професионални обуки и техники. Еве ќе ја спомнам апликацијата што ја користиме за комуникација со родителите, преку која родителите добиваат редовни информации за денот на деца поминат во градинка. Родителите навремено се информирани за активностите, напредокот и достигнувањата на децата, што ја прави комуникацијата побрза и поефикасна. Благодарна сум за можноста да бидам дел од овој тим кој ги цени креативноста, соработката и напорната работа.

За негувателката Сања Костиќ, развојот на самостојноста кај децата е многу важна во оваа градинка.

– Работата со деца претставува непроценливо искуство што нуди уникатен и заемен предизвик. Во своето долгогодишно искуство, често забележувам дека учењето не е еднонасочен процес. Додека ние, возрасните, ги насочуваме децата кон правилно однесување, градење добри навики и создавање поволни услови за нивниот раст и развој, тие ни возвраќаат со безгранична искреност која ни покажува како едноставните работи можат да донесат среќа – вели Костиќ.

Сања Костиќ

Во рамките на градинките постојат основни стандарди и програми за детскиот развој, но „Вингс“ се истакнува со својата посветеност кон поттикнување на самостојноста кај децата. Резултатите од оваа работа се видливи секојдневно преку позитивните коментари од родителите – доказ за постигнувањата што децата ги постигнуваат. Самостојноста се развива преку практични вештини како што се облекувањето, јадењето и други активности кои ги охрабруваат децата да бидат независни.
Клучен фактор за успехот е одличната организираност на просторот и условите во занималните во „Вингс“ кои креираат стимулативна и поттикнувачка средина за малите умови, велат од „Вингс“.

Сподели