Стоби, крстосница на цивилизациите од дамнешни времиња. Овој антички град позициониран во централниот дел на Македонија постојано е предизвик за археолозите. Стоби е единствениот археолошки локалитет во земјава кој работи како самостојна институција. За значењето и потенцијалот на Стоби зборува д-р Силвана Блажевска, в.д. директорка на Националната установа „Стоби“.
Таа зборува за историјата на локалитетот, за стобјаните, но и за проектите и активностите оваа година, за плановите и предизвиците со коишто се соочуваат вработените. Премиерата е закажана вечерва во 19 часот на Јутјуб-каналот 101PodcastStudio. Следете нè.





