Етнолошки содржини во списанието „Другарче“ пред повеќе од 30 години

Цедило, аршин, пирустија, ноќви… Ова се дел од термините на кои наишле студентите и предавачите од Институтот за етнологија и антропологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, истражувајќи ги содржините на броеви на списанието „Другарче“ од 1990-тите, кои се наоѓаат во одделот за периодика на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

– Наидовме на интересни етнолошки содржини презентирани на читателите на ова списание за деца – ученици од второ и трето одделение. Да ги сочуваме од заборав овие термини, поврзани со традиционалните занаети и домаќинството – порачуваат од Институтот.

Фото: Институт за етнологија и антропологија

Сподели