Аудиобајки „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“ на ромски, македонски и албански јазик

Со поддршка на Europe House мрежата во земјава објавени се аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, остапни сега за слушање на ромски, македонски и албански јазик. Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа, а нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ткаење.

-Веруваме во почитување на различноста, во вредноста на културите што ја градат Европа, и затоа што сакаме да го поддржиме гласот на оние што премногу често се игнорирани – а имаат толку многу да раскажат. Нурнете и подлабоко во нивната култура преку кратките илустрации „Ромите во Европа и во Република Северна Македонија“ кои ги промовиравме лани по повод Меѓународниот ден на Ромите, преку мрежата на Europe House. Ромскиот јазик е јазик на живо зборување. А слушањето бајки на ромски не е само магично – тоа е начин за зачувување на јазикот, идентитетот и традицијата – велат од Europe House.

Сподели