Македонскиот уметник Иван Ивановски со изложбата One of Us („Еден од нас“) се претставува во Музејот за сликарство на школата „Лингнан“, Академија за фини уметности (GAFA) во
Гуанџоу, Кина. Според концептот, една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? Или еден од нив? Кои сме ние? Кој е тој? Кој сум јас?
– Самосвеста води до диференцијација, процес на индивидуација, изолација во адолесценција и реинтеграција во зрелоста. „Еден од нас“ е интерпретација на вклучувањето и одвојувањето, постојаното редефинирање на себе во однос на другите, поставува прашања за идентитетот и припадноста. Силуетата е мотив што се повторува, визуелна и концептуална нишка која ги поврзува различните дела. Отсуството на специфики му дозволува му на гледачот да ги проектира сопствените значења и наративи на фигурата. Делата зборуваат за перцепцијата на поединците во еден колектив, како може да се биде и дел од толпата и одвоен од неа – објаснува Ивановски.
Изложбата ќе бие отворена до 5 мај. „Еден од нас“ е дел од проектот In Between што ќе биде изложен во Музејот на уметност „Сан Та“ во Гуанџоу, Кина во ноември 2025 година.





