Семинар „100 години квантна механика“ денеска на ПМФ

Семинарот „100 години квантна механика“ ќе се одржи денеска во 10 часот на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Настанот се одржува по повод годината на квантната наука и технологија, а го организираат Друштвото на физичарите на Република Македонија и Институтот за физика и првенствено е наменет за средношколците, односно идните студенти.

Семинарот почнува со предавањето на проф. д-р Ирина Петреска на тема „Воведни белешки: од првата квантна револуција до меѓународната година на квантната наука и технологија“. Следува предавањето на проф. д-р Ненад Новковски – „Џиновскиот исчекор на квантната метрологија“.

М-р Пеце Трајановски ќе предава на тема: „Чудна технологија на далечина: Квантна телепортација и криптографија“, а м-р Љубица Димова на тема: „Квантни компјутери – иднина на компјутерската технологија“.

Во попладневниот дел од 13.45 часот студентите на Институтот ќе демонстрираат експерименти.

Сподели