Саемот на книга, најголемиот книжевен настан во земјата, годинава ќе се одржи од 8 до 14 мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Саемот ќе се одвива под мотото „Храна за душа“, истакнувајќи ја моќта на пишаниот збор да инспирира, образува и збогатува.
Арената „Борис Трајковски“ и годинава ќе се претвори во центар на литературата, каде што посетителите ќе можат да нурнат во светот на книгите и да ја пронајдат вистинската храна што им е потребна на душата.
И оваа година саемот е под покровителство на Министерството за култура.





