Таа е симбол на женската сила, мотивацијата и заедништво, а не само спортски настан… Заклучно со среда (9 април) трае пријавувањето на 13. издание на „Авицена женска трка 2025“.
Трката ќе се одржи на 13 април (недела) во 10 часот. Пријавувањето е едноставно и се врши онлајн преку официјалната веб-страница на линкот.
– На денот на трката не е возможно пријавување, па сите кои сакаат да учествуваат треба да го сторат тоа најдоцна до 9 април. Ги охрабруваме сите жени да ја искористат последната можност за пријавување и да станат дел од најголемата женска спортска манифестација во Македонија. – велат организаторите, Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје.
Трката е отворена за сите припаднички на женскиот пол, без оглед на возраста. Стартот ќе биде на булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“. Пред почетокот, во 9.40 часот учесничките ќе може да се загреваат со аеробик вежби. Покрај главната трка, учесничките ќе имаат можност да освојат вредни награди и да учествуваат во лотарија со подароци од партнерите на трката.





