Концерт на фадо легендата Мариза вечерва во Филхармонијата

Португалската фадо дива Мариза ќе одржи концерт вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија. Таа ќе ги изведе своите најголеми хитови, гарантирајќи незаборавно музичко искуство. Мариза се враќа со концерт во Македонија по точно 20 години. Таа настапи во 2005 година во рамките на Оф фест.

Мариза ја започна својата кариера пред дваесет години во Лисабон, а по издавањето на албумот Fado em Mim во 2001 година, стана светски позната и настапи на престижни сцени како париската „Олимпија“, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот „Карнеги хол“.

Главен спонзор е МТЕЛ. Влезниците можете да се купат на следниот ЛИНК.

Сподели