Конкурс за награда за најдобар студентски превод и студентска резиденција за книжевен превод „Вавилон – Нова генерација“ објавија Делегацијата на Европската Унија во земјава и Филолошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Може да се пријават сите универзитетски студенти (не постари од 27 години) кои во моментот на конкурирање се запишани најмалку на трета година студии на кој било од факултетите во земјава. Кандидатите треба да се пријават на конкурсот со превод од некој од 24-те службени јазици на Европската унија, кон кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.
Краен рок за пријавување е 17 април. Резиденцијата ќе се одржи од 5 до 8 мај во селото Радожда, Струга. Рок за поднесување на преводите е 15 јули.
Повеќе информации на линкот.





