Сте дипломирале некогаш на ПМФ?

Природно-математичкиот факултет формира алумни мрежа чија цел е да ги поврзе сите генерации дипломирани студенти, создавајќи заедница која го поддржува развојот и угледот на факултетот.

– Оваа мрежа овозможува постојана врска помеѓу факултетот и неговите поранешни студенти, промовирајќи соработка, размена на искуства и професионално вмрежување. Преку неа поранешните студенти можат да придонесат за развојот на Факултетот, да ги заштитат професионалните интереси и да ги поттикнат етичките вредности во својата област – велат о ПМФ.

Сите што сакаат да станат дел од алумни заедница може да се регистрираат на формуларот на линкот.

Насловна фотографија: Архива

Сподели